ЦРВЕНИОТ КМЕР ОД ВЕЛЕС ДИВЕЕ ВО ЛЕВИЦА: Апасиев ја променил бравата во канцеларијата на Левица, партиската секретарка го обвинува за мобинг

0
2176

Расколот во партијата Левица се продлабочува, па од неодамна формирана е и нова фејсбук страна, паралелна со веќе постоечката, за која Димитар Апасиев обвини дека била киднапирана од мала структура во партијата. Левица е сега поделена на две крила, едното предводено од Димитар Апасиев, а другото од Здравко Савевски.

И двете крила со слични меѓусебни обвинувања. Савевски го обвинува Апасиев дека сака да ја претвори Левица во сателит на ВМРО-ДПМНЕ, додека од крилото на Апасиев велат дека обвинувањата се „ништо повеќе од евтин обид да се подрие борбата против штетните политики на СДСМ.“

Тиквата изгледа пукнала по Договорот од Преспа и уставните измени. Од тука потекнала поларизацијата во партијата.

Конфликтот уште повеќе го замрсуваат обвинувања и препукувања на членови на Левица преку социјалните мрежи. Па така партиската секретарка, Џејлан Велиу, го обвини Апасиев за мобинг.

На фејсбук таа објави предупредување пред бркање од работа, потпишано од Апасиев, поради незадоволство од нејзиното поведение. При тоа Апасиев и дава на партиската секретарка рок од пет дена да го подобри своето поведение, во спротивно ќе и биде врачен отказ.

„Точно е дека во последните два дена не одам на работа, бидејќи немам пристап до работните простории (официјалната канцеларија), а причина за тоа е нелегалното менување на бравата. Одговорно тврдам дека наведените причини во предупредувањето се лажни и можам да ги демантирам точка по точка. Имено, во случајот се работи за политички пресметувања со неистомислениците. Димитар Апасиев немајќи политички капацитет аргументирано да се бори за ставовите што ги застапува, превзема вакви гнасни и ниски мерки кон оние кои му се спротставија и не дозволија да тој од партијата направи националистичка партија“, напиша Велиу на својот фејсбук профил.