ЦО на СДСМ: Отстапки нема, решение за длабоката политичка криза е преодна Влада

0
522

co-2603-11-540x305

Активностите на СДСМ од донесувањето на црвстата и решителна одлука на СДСМ, пред месец и половина, за објавување на документите што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, ги даваат очекуваните резултати, констатирано е на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

„Проектот Вистината за Македонија допре до најголем број од граѓаните на Македонија кои се информирани за суровиот, криминален, противуставен и противзаконски начин на владеење на тесна група на власт.

co 2603 2

Централниот одбор едногласно ги поддржа предлозите на претседателот Зоран Заев и на Извршниот одбор за натамошните чекори на СДСМ.

Отстапки нема, решение за длабоката политичка криза е преодна Влада којашто ќе отвори пат за реализација на вистинската волја на граѓаните на Република Македонија.

СДСМ храбро и одлучно, со засилено темпо, ќе продолжи со реализација на определбата за нормализација на државата и враќање на слободата и демократијата во земјата. Никој и ништо не може да ја поколеба партијата на тој пат, на којшто добива `се помасовна граѓанска поддршка.

co 2603 3

Со оглед дека истекува мандатот на делегатите на Конгресот на СДСМ, Централниот одбор на партијата донесе и едногласна одлука за отпочнување постапка за избор на делегати на ова највисоко партиско тело“, соопштува СДСМ.