Грчкиот премиер Алексис Ципрас за првпат се појави во јавност со вратоврска. Тој кога стапи на премиерската функција изјави дека нема да стави вратоврска се додека не успее да ја извлече Грција од должничката криза.
Тој денеска се појави со црвената вратоврска која што му ја подари македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името.