ЦИВИЛ: Шок бомбите и бодликавите жици не се оправдание, туку срам

0
504

„Цивил“ – Центар за слобода констатира дека институциите на нашата држава и во оваа бегалска криза се претставија како неефикасни, дискриминаторски и насилнички.

civil-logo(2)

„Тоа што последниве денови се случува на границата со Грција уште еднаш покажа дека институциите на Република Македонија имаат капацитет нашата земја да ја прикажат само во најлошо светло. „Цивил“ бара од властите веднаш да го променат својот однос кон бегалците и во целост да го почитуваат меѓународното право. Неприфатливи се споредбите со односот на други земји кон бегалците кои апологетите на власта сакаат да ги наметнат, отворено или суптилно, во јавноста. Таквите споредби може да се толкуваат единствено како невешт обид за бегање од одговорноста“ се наведува во соопштението.

Невладината организација ги повика сите хумани луѓе да им помогнат на бегалците со храна, вода и медикаменти.

„Ги повикуваме сите што имаат информации за приведени и малтретирани бегалци во полициската постапка да ги споделат со ЦИВИЛ. Однесувањето на полицијата како разуздана паравоена формација ја чини нашата земја многу повеќе отколку да покаже хуманост и да се придржува кон меѓународните стандарди. Тоа мора да запре, а одговорните за ваквото однесување треба да поднесат оставки и да одговараат според законите. Тепањето, шок бомбите, понижувањата, бодликавите жици и гумените куршуми не можат да бидат оправдание, туку срамен белег“, реагира „Цивил“