ЦИВИЛ: Се исклучуваат лифтови, се делат ливчиља сосе „кочан“

0
591

civil-logo(2)

Цивил – Центарот за слобода го објави извештајот за денешниот референдум за ГТЦ:

ЦИВИЛ веќе ја распореди првата смена набљудувачи на Референдумот за ГТЦ утринава. Во текот на ноќта имаше јавувања од граѓан(к)и на дежурниот телефон 075 565 830 и по социјалните мрежи.

На улица Народен фронт бр. 19 и на уште две адреси на улица Коста Шашов во населбата Капиштец, општина Центар, лифтовите намерно се расипани, според сведочењата на граѓан(к)ите. Плакатите од кампањата на Референдумот за ГТЦ се кинеа и во текот на минатата ноќ. И пред седиштето на ЦИВИЛ, плакатите на кампањата беа скинати и фрлени пред влезот.

Во гласачкото место број 2809 на ул. Народен Фронт бр. 21, Избирачкиот одбор откина осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот.

Веќе почнаа проблемите и притисоците врз нашите набљудувачи. На гласачкото место број 2850 во ОУ „Гоце Делчев“ (поранаешно „Ленин“), на нашата набљудувачка ѝ е одземено овластувањето од ЦИВИЛ, под образложението: „Мораме да имаме нешто“. Ова е незаконско однесување на Избирачкиот одбор и ја повикуваме Општинската изборна комисија да интервенира во овој и другите случаи на нерегуларности при спроведување на Референдумот за ГТЦ.

ЦИВИЛ го набљудува Референдумот за ГТЦ со над 100 набљудувачи, од кои 79 се акредитирани во ОИК. Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да пријават нерегуларностите на телефоните 02/5209 176 или 075 565 830.