Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

Цивил: Секое одлагање или кршење на преземените обврски од Договорот може многу да ја чини иднината на земјата

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поздравува продолжението на работата на работните групи на политичките партии – потписнички на Договорот за надминување на политичката криза во Република Македонија.

civil-logo(2)

„Свесни сме за тоа дека партиите се наоѓаат пред одговорни задачи пред државата и општеството и секое одлагање или кршење на преземените обврски од Договорот може многу да ја чини иднината на земјата и на сите граѓанки и граѓани во неа.

Ја користиме оваа можност да ги потсетиме политичките партии и сите директно инволвирани во преговорите на сите наши препораки и коментари објавени од почетокот на јуни наваму. Сите тие се објавени на нашата веб страница, од кои само еден е текстот под наслов „За Македонија се потребни вистински демократски реформи“.

Ние, како претставници на граѓанското општество, со нашите предлози и експертизи во голем број области релевантни за политичкиот процес, можеме да дадеме драгоцен придонес и да помогнеме процесот да добие легитимитет.

Иако преговорите се одржуваат зад затворени врати, а јавноста и граѓанското општество не се директно вклучени, процесот во целина е многу комплексен и опфаќа многу повеќе засегнати страни, како што се помалите политички партии, граѓанските организации, медиумите, а над сѐ, граѓанките и граѓаните на нашата земја. Затоа, потребно е овој политички процес да биде инклузивен и транспарентен, без оглед на затвореноста на директните преговори.

ЦИВИЛ ќе биде на располагање за консултации во текот на преговорите и процесот во целина и ќе продолжи со набљудувањето на спроведувањето на Договорот, како и на сите аспекти поврзани со изборниот процес.

ЦИВИЛ веќе формира голем број набљудувачки тимови кои работат од јануари 2015 година, а паралелно со тоа, формира и експертски тим составен од претставници на ЦИВИЛ и ГОНГ (Хрватска) кои се на располагање за јавноста, политичките партии и институциите. Експертите на ГОНГ од Хрватска ќе бидат во Скопје од 28 август до 2 септември, а агендата на нашите заеднички активности во тој период дополнително ќе ја соопштиме“, стои во соопштението на Цивил.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ