ЦИВИЛ: Нема услови за фер избори на 5 јуни, да се одложат до крајот на септември, а ако треба и повеќе!

0
713

Неколку десетици граѓани, организирани од Центарот за слобода „Цивил“, денеска пред Собранието побараа изборите да се одложат и да се закажат најрано во септември, пренесува „Мета“.

Според невладината организација, во Македонија сè уште нема услови за фер и веродостојни избори.

– Се собравме тука денеска да кажеме дека бараме слободни избори, а не избори со фантоми, злоупотреба на администрацијата, злоупотреба на нашите пари и со уцени. Сакаме изборите да ги спроведат институции кои се натпартиски. Бараме Владата да си поднесе оставка бидејќи и онака е веќе десеткувана. Изборите треба да ги организира влада која не е инфицирана од криминал. Бараме изборите да се одложат до крајот на септември, а ако треба и повеќе. Во меѓувреме да се работи на спроведување на реформите и на сè што е потребно за фер и демократски избори – изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Изјавата на Џабир Дерала може да ја погледнете ОВДЕ