Цивил: Меѓуетничките односи во Македонија се злоупотребуваат до крајни линии

0
440

Партиите на власт во Македонија водат долгодишна политика на разединување на граѓаните, како по верска така и по етничка основа – вели Џабир Дерала од граѓанската организација Цивил,коментирајки ги последните активности за поставување крст и двоглав орел.

„Дури и да не се испланирани овие настани, ние гледаме дека кризата во Македонија е постојано придружена со етничко верски сегменти. Не сакајки да ги решат вистинските проблеми на граѓаните, тие прибегнуваат на картата на продлабочување на тензиите и на поделби на луѓето по етничка и верска основа. Затоа и поставувањето на темелите за крстот во Бутел и на орелот во Чаир се дел од една цела атмосфера која владее со години“, вели Дерала.

Тој додава дека меѓуетничките односи во Македонија се злоупотребуваат до крајни линии и тоа е голем ризик. Според него, сите овие настани се случуваат во време кое е клучно во Македонија.