Со голема радост и гордост го споделуваме успехот на нашата Цеце Георгиев, која заедно со грлото Том на своето прво натпреварување – Второто коло во дресурно јавање на Р.С.Македонија го освои третото место!
Ова натпреварување беше посебен предизвик за Цеце и Том, но нивната силна посветеност, напорните тренинзи и страста кон коњичкиот спорт доведоа до ова значајно достигнување.
Овој успех е само почеток на нивната спортска приказна, а ние сме неизмерно горди што ги имаме во нашиот тим. Честитки за овој фантастичен резултат! Убедени сме дека ова е само првиот чекор кон уште поголеми успеси во иднина.
Инстаграм објава на ,,К.К. Бравадос”.
View this post on Instagram