Целосниот извештај на ИФЕС направен за ДИК: Невозможни избори на 5 јуни!

0
760

Либертас дојде до извештајот на Џон Аран од експертската група на ИФЕС направен на барање на Државната изборна комисија. Извештајот јасно покажува дека избори на 5 јуни се невозможни, бидејќи дотогаш е невозможно да се изврши детална проверка на Избирачкиот список. Во продолжение во целост ви го пренесуваме текстот на извештајот:

Вкупно 197,043 потенцијално непрецизни записи во избирачкиот список беа првично идентификувани преку прашањата за вкрстена проверка на податоците од националните институции, и 124,072 дополнително идентификувани со прашањето 16, за кои ДИК подоцна се одлучи да постапува (од кои мал процент беа исто така вклучени во првичните бројки.)ДИК одлучи да бара дополнителни информации за да се помогне да се определи дали сите овие записи се записи за  избирачи со право на глас. Кај 87,352 од овие случаи, беа побарани дополнителни прашања по пат на прашалници кои ги спроведе ДИК и кои беа пополнети по пат на посети од врата на врата.

Прашалниците беапополнети и податоците беа внесени во најкус можен период и притоа постоеше недоволна обученост на анкетарите и лицата задолжени за внес на податоците во рамки на процесот. Оттаму информациите се добиваа и внесуваа набрзина и не секогаш со највисок квалитет,  особено во однос на одговорите по некои од прашањата, бидејќи одговорите на тие прашања честопати беа спротивни на подеталните (а со тоа и поверодостојни) информации дадени подоцна. Сепак, беа добиени одредени корисни информации и истите може да се сметаат за генерално веродостојни.

Од статистички аспект, информациите на кои можеме да се потпреме и да дадат прецизни и корисни бројки се од прашањата 2, 6 и 7.

Прашањето 2 ги дава категоричните причини зошто не бил најден испитаникот, и тоа е одговорено во 40,468 случаи.  Иако овие категорични одговори даваат корисни информации во однос на статусот на идентификуваните гласачи, кажаното од трето лице јасно е дека не е доволно за да се потврди или прогласи за неважечки било кој запис за гласач, и за сите од овие случаи ќе бидат неопходни дополнителни информации пред да се направи заклучната определба.

Со Прашањата6 и 7 од испитаникот се бара да покаже или важечка лична карта или важечка патна исправа. Доколку еден од овие лични документи е покажан лично (наспроти деталите дадени во отсуство на испитаникот) тогаш јасно е дека регистрацијата на тој гласач повеќе не треба да се смета за дискутабилна.Тоа е случај кога даден е одговор “Да”  или на прашањето 6 или 7, а тоа беше случај кај 34,108 испитаници.

Целиот текст ОВДЕ