ЦЕЛА ФАМИЛИЈА НЕНАСИТНИ БУЏЕТАРИ БЕЗ УСУЛ : И помладата ќерка на градоначалникот од Битола, Талески се вработи во државна служба, останува уште кучето да си го стават на државна цицка!

0
1659

Помладата ќерка на битолскиот градоначалник Владимир Талески се вработила во подрачното одделение на Бирото за развој на образованието во Битола, потврдуваат извори од институцијата. Според нив, ќерката на првиот човек на Битола била вработена уште лани во октомври како помлад соработник. Но, веста се рашири дури денес низ социјалните мрежи, пренесува СДК.

Бирото за развој на образованието, каде таа се вработила, е надлежно за наставните програми во општото и гимназиското образование. Советниците за образование при вработување во оваа институција треба да имаат пет години искуство од работа во областа на образованието, а за другите работни места ова не е задолжително.

И постарата ќерка  на битолскиот градоналаник, пред неколку години, исто така за време на неговиот мандат, се вработи во државна служба. Таа работи во службите на Ветеринарниот факултет во Битола.
Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за злоупотреби и за малверзации со превозот на ученици во Битола тешки 360.000 евра.

Од Општина Битола денес не одговараа на телефонските повици на новинарите. Директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, во телефонски разговор ни рече дека е во странство и дека на новинарски прашања ќе одговара од утре.