Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

ЦЕЛА СРБИЈА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СРПСКИ ,,ИНФОРМЕР” ЗА ОБЈАВЕНО ИНТЕРВЈУ НА СЕРИСКИ СИЛУВАЧ

Стотици демонстранти, повеќето девојки и жени, се собраа денеска на протест пред редакцијата на провладиниот таблоид „Информер“ во центарот на Белград, барајќи одговорност од сопственикот и од уредникот за објавеното интервју со осудениот сериски силувач.

Учесниците протестираа заради објавеното интервју со Игор Милошевиќ, кому таблоидот му ја посветува насловната страница на која тој се фали дека од својата 14 година досега минал само три месеци на слобода.

Милошевиќ неодамна беше ослободен по повеќегодишна затворска казна, а бројни женски и граѓански организации во Србија изразија страв дека тој може да ги повтори делата, укажувајќи на опасноста од негово слободно појавување во јавноста.

„На сериските силувачи не им е место во јавниот простор, медиумите и емисиите, туку во затвор“, беше порачано од протестот.

Новинарските здруженија, бројни опозициски партии и претставници на граѓанското општество во Србија со осудија уредничкиот потег на „Информер“ и неговиот сопственик и главен уредник Драган Ј. Вучичевиќ, предупредувајќи дека со тоа интервју експолицитно е прекршен новинарскиот кодекс и сите морални норми.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА УДИРАЛА МАЈКА СИ СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен...

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИЛ АВТОМОБИЛИ И ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО

Фото : Илустрација Министерството за внатрешни работи соопшти дека го...

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ