ЦЕКОВ ОД ЗНАМ : ПО 33 ГОДИНИ ВРЕМЕ Е ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ НА НАЈВАЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ, А ТОА СЕ БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И КРИМИНАЛ И ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД

0
155
Во вечерашното гостување на пратеникот Миле Цеков од Движењето ЗНАМ – за
наша Македонија на ТВ 24 изјави дека „ЗНАМ е организирана партија и има
формирано тим за преговори кои се во завршна фаза за евентуално
коалицирање во влада. По завршување на тие преговори, заедно со
извештајот, преговарачкиот тим ќе ги достави до органите и телата на
партијата и ќе разгледаме за евентуалните кадровски решенија.”

Тој додаде и дека “Доколку ги усогласиме нашите програмски определби и
тие бидат дел од владината програма ние ќе бидеме дел од истата.”
На прашањето за законот за реорганизација Цеков кажа дека ЗНАМ го
поддржува законот и потоа додаде “Најпрво треба да ја погледнеме
систематизацијата, како ќе функционира по формирањето на влада и како ќе
функционираат во пракса овие нови министерства. Сметам дека нема да има
нови вработувања бидејќи кадрите се трансформираат од еден ресор во
друг.

Во извештаите од европската комисија е нотирано дека треба да има
реформа во јавната администрација затоа што таа е преполовена и
гломазна, но најсуштински од сето ова е дали ќе имаме квалитетни кадри.
Сето ова ќе го увидиме со новата влада и како ќе се позиционираме во
однос на новите министерства.”

Тој на крај посочи “Сметам дека после 30 години редно време е да не
правиме фасади и шминки и да обрнеме внимание на структурните реформи,
како што е раст на платите, извозната компонента, поддршка на домашните
компании, да направиме проценка за странските инвестиции, конкурентноста
и продуктивноста.”