ЦВРЦ, МИЛОЈКО, НЕМА ВЕЌЕ РУСКА НАФТА ЗА СРБИЈА, ТЕК СЕГА ЌЕ ВИДАТ СРБИТЕ КОЛКУ ‘ПАМЕТНО ИГРА’ ВУЧИЌ

0
1494
Од понеделник, петти декември, Европската унија става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана која важи за Србија, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа забрана е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но за разлика од некои европски земји, Србија не доби исклучок, бидејќи ќе биде забранет увозот на руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф.

Нова.рс во анализата на оваа тема пишува дека експертите се согласуваат дека нема причина за страв од недостиг, но српските возачи веќе се во паника поради можното поскапување на горивата на пумпите. Цените на пумпите може да се зголемат со фактот што руската нафта учествува со 22 отсто од светскиот извоз, така што производителите на нафта од другите земји ќе ја искористат можноста да ги зголемат цените сега кога им се нуди „пополнување на руската празнина“.