ЦВЕТАНОВСКА : ПОДНЕСОВМЕ ПРЕТСТАВКА ДО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, БАРАМЕ ДА СЕ ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ

0
76

Прес-конференција на Благица Цветановска.

Почитувани, 

СДС, Стевчo Јакимовски и советници од листата на Левица ги интересира само бетонизација на Карпош и повеќе не се грижат ниту за закониниту за постапкиги интересираат само криминал и пари. 

На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош Јакимовски и СДС се обидоаспротивно на сите законски норми и процедурида протнат точкаПредлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2024 година. 

Оваа програмавоопшто не е донесена ниту пак е објавена во Службен гласник на Општина Карпошза сега истата да се менува и дополнуваОваа програма Јакимовски, СДС и Левица неколку пати се обидуваа да ја поминат насилно во Советот на Карпошно во тоа не успеаја благодарејќи на активностите на нашата советничка група 

Зошто го прават ова вака со програмата по секоја ценаБидејќи ако нема програманема простор за нивните криминални ДУП-ови и нема исполнети барања и нарачки од градежната мафија. 

Ваквото работење е спротивно на законите во Македонијапротив сите процедури и постапкиза што денеска поднесовме претставка до Инспекторатот за локална самоуправакаде бараме веднаш да интервенира и да ги поништи овие одлуки. 

Воеднобараме јавното обвинителство и сите останати институцииведнаш да отворат предмети за кршење на законските процедурикако и за злоупотреба на службена положба и овластување и да постапат. ВМРО-ДПМНЕ е вистински партнер на жителите на Карпош и ќе ги искористиме сите средства кои ни се на располагање да го спречиме урбаното дивеење на Јакимовски, СДС и поранешната Левица во Карпош.