ЦАЦА-НИКОЛОВСКА : ИМАТЕ ЛИ ДОКАЗ ДЕКА ОВДЕШНИТЕ БУГАРИ ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ШТО Е СО БАЛИСТИТЕ, НЕМАЛО ЛИ МАКЕДОНЦИ ШТО БИЛЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

0
915

Никакво редефинирање на Уставот и државата не е мандат на работната група кој работи на подготовка за уставни измени. Нашиот мандат е точно определен со низата документи и заклучоци на Владата, Собранието и Министерството за правда. Тоа што одредени личности сакаат да прикажат нешто поинаку, не е вистина и не знам од каде ги вадат тие информации, изјави претседателката на работната група Маргарита Цаца-Николовска во интервју за „Утрински печат“.

„Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата работна друга сме се договориле. Јас ги повикувам тие ако постојат, ако лиферуваат одредени информации, барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Македонскиот идентитет преку јазик, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување не е во ред, не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран“,нагласи Цаца-Николовска.

Во моментов, додаде таа, работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно каде да се прошири Преамбулата со други народи.„Имајќи предвид дека и самите уставотворци од самиот почеток при формулирање на Преамбулата и при формулирање на одредени членови на нормативните делови од Уставот во делот на дијаспората и во делот на Комитетот на заедници отвориле врата, оставиле отворена врата со зборот „и други“ и тука може да се вметнат и другите народи за коишто сега имаме и барања и обврска и тие народи да ги внесеме во Уставот како што на самиот почеток сме внеле одреден број на народи“,рече Цаца-Николовска.