Царовска за „360 степени“: МВР не беше на ниво на задачата и не санкционираше за непочитување на мерките за заштита

0
131
Жално е што опозицијата целиот овој период се занимава со политиканство, наместо како една зрела опозиција да нуди решенија,  посебно што имаат претставник во Владата.  Дури како да ликуваат во одредени моменти, кога има поголем број на заразувања, што е тажно и драматично. Но, тоа зборува за нив, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во интервју за емисијата „360 степени“.
Таа нагласи дека е јасно дека  во моментите кога полицијата требаше да биде на висина на задачата, не го направи тоа, односно не санкционира за непочитување на мерките што Владата ги носи.
„Ова уште повеќе укажува зошто ни е потребно сите институции да бидат со целосен капацитет  и целиот државен апарат да служи за заштита на здравјето на граѓаните. Не е само примерот во МВР за таа нивна нефункционалност и негрижа за тоа како се справува оваа држава. Ако сите ресори го даваат својот максимум и сите сме идентични во изјавите во јавноста тогаш ќе бидеме поефикасни“, оцени Царовска.
Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ политички калкулира и во однос на нејзините ставови за Комисијата за заразни болести и нагласи дека е многу неодговорно во момент кога им одговара да и веруваат, а во моментот кога не им одговара ВМРО-ДПМНЕ да кажува дека не ја призна.
„Комисијата е составена од искусни експерти во областа и кои добро ја водеа целата криза. Тоа што се појавува пик треба да се преиспитаме зошто, како  и кога се појавиле моментите на можна криза. Да не заборавиме на верските настани кои претходеа на оваа бројка и дека тие можеби приоднесоа за ова што ни се случува денеска. Исто така, непочитувањето на мерките од страна на одредени групи исто така придонесоа за оваа ситуација. Треба да кажеме дека сето ова треба да заеднички го разгледаме и да не се занимаваме со политиканство“, оцени Царовска.