Царовска до младите: Ние сме промената што сакаме да ја предизвикаме, да се бориме за доброто на нашата држава

0
348

Во своето завршно обраќање на трибината Агенда млади 20-24, потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, упати поттикнувачка порака за младите, да го поддржат патот на напредокот по којшто се движи земјата, за подобра, посветла иднина и да не дозволат враќање назад.

-Младите треба да имаат по позитивен поглед на светот. Промената којашто сакаме да ја видиме во едно општество е промената којашто самите ние може да ја донесеме. Не очекуваме некој друг да ги промени работите, не очекуваме некој друг да го промени светот, ние делуваме, ние ги менуваме работите, ние го менуваме светот. Како млада политичарка се трудам секој ден, со промена, да им покажам на помладите од мене како може поинаку да изгледа поинаку управување со една институција и како поинаку може вредносно да се позиционира еден политичар. Само така можеме да се бориме за доброто на нашата држава.

Денеска сме послободно и подемократско општество, се слушаме и се грижиме едни за други и одиме по патот на реформите. Тоа е вистинскиот пат. Не треба да дозволиме да се вратат оние кои криминално владееја, тоа е заедничка обврска на сите нас. Секој млад човек ако се грижи да ја одржи оваа позитивна патека на напредок и развој е одговорност. Младите да се борат за светлина што сакаат да ја видат, затоа што тие се таа светлина„ порача Царовска.