Царовска во Тетово: На вистински пат сме да го извлечеме секое дете од сиромаштија, секое дете заслужува топол дом

0
963
На вистински пат сме секое дете да го извлечеме од сиромаштија, затоа што само со среќни и достоинствени граѓани можеме да имаме силна држава, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва пред присутните на Трибината „На прав пат“ во Тетово.
Детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе, а образовниот на 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходното. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток. што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно, рече Царовска.

Таа истакна дека законот за зголмеување на минималната плата на 14.500 денари е веќе во процедура. Сега над 50.000 работници во текстилната, кожарската и чевларската индустрија добиваат плати повисоки за 5.500 денари месечно.
Царовска се осврна на социјалната реформа, со која социјалната помош е зголемена и до 300 отсто и со која се подобрува живото на околу 300.000 граѓани.
Секое дете заслужува грижа и топол дом, истакна Царовска и додаде дека СДСМ инвестира и во изградба на нови и проширување на постоечките капацитети на градинките низ цела држава, како и во персоналот, со значително зголемување на платите на вработените во социјалната дејност.