Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ЦАРИНСКА УПРАВА : ЗАПЛЕНЕТИ РЕЧИСИ 2 ИЛЈАДИ БРЕНДИРАНИ ПАРЧИЊА СО ПОПИСОТ НА ЛУИ ВИТОН, ДИОР И МАЈКЛ КОРС

Речиси 2 илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што  во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети.

Царинската управа има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ