Хуманите граѓани собраа пари за да ја платат казната на Милорад Георгиевски

0
1278

Откако се организираа преку социјалните мрежи, хуманите граѓани попладнево во еден скопски кафе бар собраа доволно пари, со цел да му ја платат казната на Милорад Георгиевски.

Телевизија Телма ја објави приказната за Георгиевски, на кој му била изречена казна од 150 евра затоа што на пазар продавал коприви и марули. Според неговата изјава, тој продавал по 15 марули и 20 коприви дневно, со што обезбедувал средства за да си ги плати сметките за комуналии, а иако го молел судијата да не му изрекува казна повисока од неговата пензија, судот го казнил со 150 евра.

Иако граѓаните за само еден ден успеаја да се организираат и да ја соберат потребната парична сума, телефонот на Милорад постојано ѕвони и граѓани од земјата и од странство кои се револтирани на ваквата судска одлука му нудат помош.