ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ОД ЗАЕВИ ПРИСТИГНА ВО КУМАНОВО, КОН ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА МНОГУ ФИРМИ

0
288

Денеска во ОШЗС пристигна помош од прехрамбени пакети кои се донација од семејството Заеви за кои јавно се заблагодарувам.
– Воедно сакам да се заблагодарам за помошта и од фирмите Гранит Скопје, Делукс компијутери, Хидро компани, УПМ Груп, Рапид билдинг, 4 Инвест, Топ ауто фер од Куманово и др. физички лица од Куманово кои на општината и донираа парична помош со која ќе бидат набавени дополнителни количини на прехрамбени пакети кои ќе бидат дистрибуирани на сите социјално загрозени семејства во Општина Куманово.
– Заедно со граѓаните и пријателите на градот ќе ја победиме епидемијата.
#ОстаниДома
#StopKorona

Фејсбук статус на градоначалникот на град Куманово, Максим Димитриевски.