Хроника за деградирањата на Јовче Ременски од страна на МВР и “напредокот” на Оливер Андонов , Ременски како началник на УБК , Андонов како раководител на смена во гранична полиција

0
15149

Додека Јовче Ременски во 2002 год. беше началник на одделение во УБК , Оливер Андонов го превземаа од АРМ во Гранична Полиција на позиција Раководител на смена во Сопот Гранична Полиција.

Додека Ременски беше во УБК Началник до 2006 год. Оливер Андонов и стана асистент на Фросина Ременски на Полициска Академија.

Во 2006 год. го деградираат Ременски од началник во УБК на позиција инспектор за малолетничка деликвенција во П.С.  Бит Пазар при СВР Скопје. Во 2008 год. Ременски е во НТШ како самостоен инспектор а Оливер Андонов од Гранична полиција доаѓа во СВР Скопје како инспектор за оружје при НТШ каде и тука Ременски е на повисока позиција од Андонов.

Ременски од 2011 год. по интервјуто во Фокус дадено од Фросина Ременски за убиството на Мартин Нешковски повторно е деградиран и однесен во Гранична полиција на караула како дежурен полицаец. Во 2016 год. Оливер Андонов станува министер а Ременски е на истото скалило во СВР Скопје како самостоен инспектор во НТШ, иако целиот работен стаж го поминал во УБК. Е ова ти се вика систем на кариера во МВР, ЧУДЕСНА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА.

Фејсбук статус на Спасовски Синиша, поранешен припадник на УБК кој напушта служба поради притисок и закани  

Скопје, 09.09.2016 год за време на десет дневниот престој стигнав да се напијам кафе со моите поранешни колеги, Јоцо, Јовче, Борче и Златко. Имаше уште двајца со кои се запознав тогаш, но ми се чини неумесно е да ги ставам на статусов нивните имиња без нивна согласност иако таква немам ниту од претходниве четворица.

Се сретнавме во „Малага“, карши поранешно „Беко“. Разговаравме за теми и луѓе кои ни се заеднички. Слушнав со какви предизвици се занимаваат сега. Никогаш нема да ми биде јасно како може да се откажете од услугите на врвни професионалци кои имаат и до 30 години ефективен работен стаж. Луѓе кои биле дел и се вградиле во многу значајни датуми од нашава понова историја. Луѓе кои оваа држава и нејзините институции ги вклучила во меѓународни проекти, каде што многупати не знаете да препознаете каде ви чука срцето.

Каде што треба или долу, во стомакот. Навистина не знам како не сватија дека понижувајќи ги нив , со распоредувањето во „ кражби на танга или чипкасти гаќи “ или „ситен или крупен добиток “ , се понижуваат сами себе, институцијата во која работат и државата во краен случај. Јас никогаш не развив посебно чувство за некаква внимателност бидејќи и тогаш и сега сум уверен во исправноста на моите ставови и моите постапки. Не пројде многу време, а колегиве почнаа да ги забележуваат маркерите околу нас. Толку несмасен и агресивен настап немало никогаш. Јас не патам од некаква епицентралност, барем кога е тој сегмент во прашање. Првите луѓе на „кецот“ и „двојката“ ми се поранешни колеги, пријатели. Убеден сум дека не беа нивни. Конечно, на Илче и на Џони им треба само еден клик за да ја видат промената кај мене. Тоа се ителигентни дечки. За моите ставови доволен е профилот на ФБ. Ако беа од кај „Чавкич“ и „Црепич“, што да кажам друго освен да им кажам дека можат…можат, ама со „џамче зелено“…

Фејсбук статус на Ацо Калановски , екс припадник на МВР кој ја напуштил службата пред 10 години а сега живее во Шведска.