ХРИСТО ОНДОВСКИ НА СРЕДБА СО ИНВАЛИДСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА : СИТЕ ЖИТЕЛИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗАСЛУЖУВААТ ДОСТОИНСТВЕНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ

0
667

Сите жители на Општина Битола заслужуваат достоинствени услови за живот. Ова денеска им го порача кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски на средба со претставници на Здружението на слепи лица, Здружението на глуви и наглуви лица и Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, кои делуваат на регионално ниво, како и претставници на Националната заедница на сите инвалидски организации.

„Како дел од идната локална самоуправа се обврзувам дека посветено ќе работиме на подобрување на условите за живот за овие категории преку отстранување на архитектонските бариери, уредување на зелени катчиња, повеќе персонални асистенти, поддршка на ресурсниот центар, но и создавање на подобри можности за вработување на оваа категорија лица.“-рече Кондовски.