ХРИСТО КОНДОВСКИ : СЕКОЈ СЛОБОДЕН ДЕНАР ОД БУЏЕТОТ ЌЕ ОДИ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

0
238

Мој прв приоритет е секој слободен денар во буџетот на Општина Битола да оди во инфраструктура. Тоа ќе биде мотор за локален економски развој на градот, порача кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на денешната јавна дебата “Форум за граѓански дијалог” за поттикнување на директното учеството на граѓаните во јавната дискусија за приоритетите, проблемите и потребите во нивните локални заедници.

“ Секој ден се среќавам со граѓаните. Главен акцент сите ставаат на потребата од забрзан локален економски развој и токму тоа ќе го испорачаме. Целата наша програма е насочена кон тоа Битола да прерасне со економски развиена општина со решени прашања на полето на инфраструктурата, урбанизмот и животната средина.

Имаме 22 крупни проекти. 10 капитални проекти и безброј други проекти кои ќе решат локални и месни прашања”, рече Кондовски на дебатата.

Тој подвлече дека локалната самоуправа што ќе ја предводи ќе создаде услови младите да сакаат да останат во Битола.

“ За тоа веќе го промовиравте проектот за Технолошки парк, кој ќе им овозможи поддршка да се усовршуваат дома, тука да ги испробаат своите бизнис идеи, но и да градат кариера на високо платени работни места. Битола мора да биде град по мерка на сите битолчани. Општина каде ќе се гради, но за секој изграден квадратен метар ќе добиваме и квадратен метар зеленило. Тоа ќе биде услов и кон инвеститорите ”, рече Кондовски.

Во изборната програма на Кондовски предвидено е меѓудругото и изградба на мултифункционален спортски центар, осовременување на Золошката градина во Битола, формирање на Младински Центар.