ХРИСТО КОНДОВСКИ : ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ГИ РЕШАВАМЕ НА ТЕРЕН ЗАЕДНО СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СЕЛО МЕЏИТЛИЈА, МОРАМ ДА ЗНАМ КАДЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ ОВИЕ СКРОМНИ ЛУЃЕ И ДА ИМААТ ДИРЕКТНА И НЕПРЕЧЕНА КОМУНИКАЦИЈА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

0
249
Во какви услови живеат и работат земјоделците може да се почуствува само заедно со нив на терен, во нивите и на фармите…

Од досегашната работа во агро секторот многу добро ги познавам приликите и неприликите во земјоделството, но овој пат го посетив селото Меџитлија за да слушнам што земјоделците бараат и очекуваат од идната локална самоуправа.
Земјоделците се скромни луѓе!

Од новата локална самоуправа тие бараат отворена врата и непречена комуникација!

Само тоа е начинот на проблемите да се одговори со вистински решенија!

Пелагонија е најголемата житница! Пелагониските земјоделци заслужуваат достинствени услови за живот и работа и вреднување на трудот кој го вложуваат!
Разговаравме и за потребата од унапредување на просторот за испаша на стоката, состојбите поврзани со земјоделското земјиште и зелената нафта, реконструкција на локалните улици низ селото, но и уредување на спортски терени за младите!

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски.