ХРИСТО КОНДОВСКИ : ПОДДРШКАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО БИТОЛА Е НАША ОБВРСКА КАКО ЗАЕДНИЦА

0
254

За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на нивна социјализација и подготовка за посамостоен живот. Како иден градоначалник на Битола се обврзувам таа поддршка да биде континуирана и системска.

Ова им го порача на претставниците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

“ При посетата на Центарот „Порака“ видов дека низ квалитетни работилници се едуцираат и социјализираат талентирани деца, на кои им треба внимание и поддршка за да продолжат посигурно да чекорат низ животот. Особено ме трогна нивната желба за часови по гитара. Да им подадеме рака на овие деца и нивните родители е наша обврска како заедница, а идната локална самоуправа ќе биде нивна стабилна потпора во процесот на обезбедување системска поддршка преку програми кои ќе го поддржат нивниот личен, социјален и професионален живот”, порача Кондовски.

Кондовски најави поддршка за проширување на просторните можности на Центарот, како и негово доопремување согласно потребите на образовните програми.