ХРИСТО КОНДОВСКИ : НА СРЕДБАТА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДИЈАБЕТИЧАРИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ЗАПОЗНАВ СО АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ОВАА КАТЕГОРИЈА НА ПАЦИЕНТИ

0
164
На средба со претставници на Здружението на дијабетичари во општина Битола се запознав со актуелните проблеми на оваа категорија на пациенти.

Активно и ефикасно партнерство помеѓу локалната самоуправа, здравствените установи и здруженијата на пациентите е основа за обезбедување на подобра превенција и поголема заштита на здравјето на сите категории граѓани.

Редовната комуникација и здравствената едукација се неопходни во тој процес.
Покрај тоа, во насока на заштита на животната околина, заедно ја утврдивме потребата од изнаоѓање на еколошки начини на одлагање на инсулинскиот отпад.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски.