ХРВАТ СО ИНТЕРЕСНА ПОРАКА ПРЕД ФУДБАЛСКИ МЕЧ : „Купете ми ги јагодите, сакам да го гледам Дортмунд!“

0
170

По пауза од повеќе од два месеци, спортската јавност повторно се фокусира на натпреварите, откако денес се рестартира германската Бундеслига.

Иако се играше пред празни трибини, попладневните натпревари привлекоа големо внимание , а колку фановите „плачат“ за спорт, доказ ни доаѓа од Хрватска. Продавач на јагоди испрати „порака“ до своите купувачи дека на продажното место ќе седи до 15:30 часот, затоа што потоа ќе замине дома и ќе го гледа натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04.

„Купете ми ги јагодите, сакам да го гледам Дортмунд од 15:30 часот“, пишуваше на натписот на хрватскиот продавач.

„Милионерите“ дополнително му го разубавија денот на хрватскиот фан, затоа што во рурското дерби славеа со убедливи 4-0.

Извор : ГОЛ