ХРВАТСКА Е ПРВИОТ ПОЛУФИНАЛИСТ ВО СВЕТКОТО ВО КАТАР ОТКАКО ГО ПОРАЗИ БРАЗИЛ ПРЕКУ ПЕНАЛ РУЛЕТ

0
316

Противникот на Хрватска во првото полуфинале ќе се знае вечерва по натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина.

Хрватска го елиминираше Бразил и се пласираше во полуфиналето / EPA-EFE/Georgi Licovski

Хрватска е првиот полуфиналист на Мундијалот, на пенали го победи Бразил

Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар. Во првиот четвртфинален меч, Хрватите ги победија фудбалерите на Бразил.

По 0:0 во регуларните 90 минути, во продолежнието двете репрезентации постигнаа по еден гол, па побединот се одлучуваше на пенали / EPA-EFE/Friedemann Vogel

Првите 90 минути од натпреварот завршија нерешено со 0:0, по што се играа продолженија два пати по 15 минути.

Во продолженијата и „кариоките“ и „коцкестите“ постигнаа гол, а по нерешените 1:1, кој ќе се пласира во полуфиналето се одлучуваше на пенали во кои победија Хрватите со 4:2.

Противникот на Хрватска во првото полуфинале ќе се знае вечерва по натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина.