ХРАБАР ПОТЕГ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АМЕРИКАНСКИ АКТЕР ОД ,,ПИРАТИТЕ ОД КАРИБИТЕ” И СЕРИЈАТА ,,КАРНИВАЛ РОУ”, ОРЛАНДО БЛУМ НА ПОСЕТА ВО УКРАИНА КАЈ ЗЕЛЕНСКИ

0
350

Актерот Орландо Блум во текот на викендот престојувал во ненадејна посета на Украина, каде се состанал и со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Претседателската палата, пренесува „TMZ“.

Блум три дена патувал низ државата која е сè уште под опсада на руската војска, во својство на амбасадор за добра волја на УНИЦЕФ во организација на Обединетите нации.

Во текот на патувањето, Блум ги посетил Ирпин, Демидов и Киев, каде во претседателската палата разговарал со Зеленски за помошта на украинските деца додека трае руската војна.

„Ако ги видете децата, во нивните очи ќе видите загриженост, но сепак силата на украинскиот народ е нешто што навистина предизвикува стравопочит. И секако, вашите пораки се причина за тоа. Толку е извонредно е да се гледа како ја држите оваа земја“, му рекол Блум на Зеленски.

Блум додал дека УНИЦЕФ сериозно го разгледува прашањето за исчезнатите украински деца и за потребите на згрижувачките семејства наместо на групните домови за деца. Тој рускиот претседател Владимир Путин го нарекол воен злосторник.

Пред заминувањето, Блум на Зеленски му предал подарок од својот будистички ментор и лична порака од неговата мајка: „Вашиот пораз ќе биде пораз за надежта, поради тоа мора да победите“.

Досега 465 деца биле убиени во текот на војната, а уште околу 14.000 се депортирани во Русија, според украинските власти. Само околу 125 од нив се вратени во Украина.