Хојт Брајан Ји нов американски амбасадор во Македонија

0
2611

Заменикот-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји е „печен“ за нов американски амбасадор во Македонија, потврдиле извори од Скопје за албанскиот портал exit.al.
„Со неодамнешното именување на Вес Мичел за нов помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања од страна на Сенатот на САД, празнината оставена од поранешниот помошник државен секретар од ерата на Обама, Викторија Нуланд, е исполнета од страна на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Од 20 јануари Ји се грижеше за должностите на Нуланд. Може да се очекува дека Мичел бара заменик што не е назначен од претходниот американски претседател“, пишува порталот од Тирана, во продолжение концентрирајќи се на веројатниот наследник на Џес Бејли, според неговите извори.
„Уште по заминувањето, заменик-помошникот државен секретар Ји одигра значајна улога во Западен Балкан, играјќи важна улога во решавањето на политичките кризи во регионот, кои сите беа разрешени во мај. Во рок од 24 часа беше надминат политичкиот ќорсокак во Македонија со инсталирање на новата влада на Зоран Заев, како и договорот ‘Мекалистер +’ во Албанија и парламентарните избори во Косово. Дури и по овој дипломатски успех Ји продолжи да се истакнува во политиката на Западен Балкан, изјавувајќи неодамна дека вистината за скандалот со прислушувањето во Македонија, кој доведе до пад на Владата на Груевски, како и за аферата ‘Тахири-Хабилај’ во Албанија, треба да излезе на површина. Тој неодамна ги посети Белград и Приштина, со надеж за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија“, додава порталот.