Хотлајнерите Гоца и Ставре креираат монструзно осветничко сценарио: Ќе добие удар со чекан, да види на кого сила покажува!

0
547

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески кој бара да интервенира за негов вработен да му се одмазди.

stavre jank

-Овој копиљов од кај мене што пред Апелационен суд, ме изнервира, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ти да се јавиш, да рече не може ова, по партиска треба линија да се вработи. Апелациониот суд ќе бара согласност од тебе, и ти ќе кажеш за овој и овој можам, за овој не можам да дадам согласност. Јас ќе се јавам ама да не не зезнат. Ќе се јавам и во Агенција, да направиме контрола. Зошто тера по свое, зборува дрско, и зошто е дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата.

Пиша една порака извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена. Добар работник е, и чесен човек е, ама штом сака сила да покажува ќе добие удар со чекан, да види на кого сила покажува.