Хотелите на Ресорт Маврово се подготвени за новите гости

0
73

Време е за реален одмор. Сите се подготвуваат за уживање и дружење, за шетање и забава. Дел ќе уживаат покрај морските убавини, но знаеме дека многумина љубители на планинарењето, велосипедизмот, на трчањето и водените спортови, на параглајдингот и на пешачењето, летово ќе го минат во Ресорт Маврово.

„Подготвени сме да ги пречекаме сите гости кои сакаат да минат период в планина. Во насока на подготовка на нашите хотели (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ) за прием на гости, ги исчистивме и дезинфициравме сите соби и простории со помош на компанијата Ecotip.

Со паметниот генератор на озон Ozoair направена е целосна, брза и ефикасна дезинфекција. Секоја просторија е дезинфецирана и елиминирани се сите бактерии – собите се свежи и подготвени за нови гости. Овој начин на дезинфекција, со помош на озон, е совршена за хотелски простории, затоа што за кратко време елиминира мириси, бактерии и вируси во воздухот. Освен ова, генераторот Ozoair ја враќа и свежината на секоја просторија.“,- вели Ален Омерагиќ, менаџерот на Ресорт Маврово.

Пред да се употреби Ozoair за чистење, неопходно е да се направи стандардно темелно чистење на просторот. Се отвораат сите плакари и фиоки со што се овозможува озонот да навлезе во секоја површина и да ја дезинфецира. Операторот со озонерот ја подесува потребната фрекфенција за чистење според големината (волуменот) на просторијата и ја напушта. Притоа, на вратата поставува ознака „Забранет влез – Озонирање во тек“. На овој начин, стопроцентно, се уништуваат сите бактерии, вируси и мириси во даден простор. По завршување на процесот, просторијата веќе е подготвена за прием на гостите. Со ознака „Озонирана зона“ што, претставува повисок стандард на хигиена од вообичаеното темелно чистење.

„Ресорт Маврово секогаш се грижел за удобноста на своите гости и за тоа секое гостување во нашите простории да биде запаметено. Минатата година го ребрендиравме Центарот и континуирано работиме на подобрување на услугите на нашиот ски центар. Секогаш сме подготвени да ги прифатиме барањата на гостите и да ги адаптираме нашите креативни решенија.

Пред две години, направивме сериозна инвестиција со монтирање на современа опрема за заснежување и правење вештачки снег, со инвестирање во 19 шахти, 9 снежни топови, 4 снежни стикови за снежната сезона. А сега спремаме нови содржини за уживање на сите посетители во мавровските убавини во летниот период. Затоа што Маврово е дестинација во која можете да уживате во текот на целата година. “,- вели Ален Омерагиќ.

Вработените во Ресорт Маврово и свежиот чист мавровски воздух Ве очекуваат.