ХОРХЕ ОСВЕН ШТО СЕ БРКАЛ СО КУЧЕТО НИЗ ВИЛАТА ПО ВОДНО СЕ ВПУШТИЛ И ВО ШПИОНИРАЊЕ НА НЕВЛАДИНИ АКТИВИСТИ , ДИПЛОМАТИТЕ ВО ШОК

0
786

Откако во последното јавно обраќање до нација и интервјуто во “Дневник“ претседателот Иванов обвини антивладини демонстранти за, како што рече, потенцијални обиди за загрозување на безбедноста и дестабилизација на државата, дипломатски извор за „Либертас“ вели дека всушност Иванов е оној кој барал од соседните разузнавачки служби формирање на наводна „црна листа“ во која ќе се најдат граѓански активисти и организации од невладиниот сектор кои соработуваа со одредени организации од соседството.

Според најновите информации до кои дошле од „Либертас“, по објавувањето на веста дека Иванов работи на формирање на таквата црна листа, извори од дипломатскиот кор во Македонија откриваат и дека лица од кабинетот на Иванов последните неколку недели барале средби со претставници на меѓународни организации акредитирани во Скопје, со цел да добијат детални информации дали овие организации и мрежи вршат финансирање на дел од активистите и организациите кои се дел од „Шарената револуција“.

Целата сторија ОВДЕ