ХОРХЕ Е НЕВИДЕНА ЦЕПЕНИЦА , СО АБОЛИЦИЈАТА НАПРАВИ НЕВИДЕНА КЛАТИКУРИЈАДА : Иванов во брзање помилувал некоја друга Фатиме Фетаи, а не специјалната обвинителка!

0
1154

Претседателот Ѓорге Иванов во брзањето да помилува што повеќе луѓе, помилувал извесна Фатиме Фетаи од Гостивар, а не специјалната обвинителка Фатиме Фетаи од тимот на Катица Јанева, за која се тврдеше дека е помилувана заедно со уште двајца нејзини колеги оти против нив била поднесена кривична пријава, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Обвинителката Фатиме Фетаи му испратила писмо на Иванов во кое побарала да ја повлече одлуката за нејзино помилување , односно ослободување од гонење без спроведување на постапка, затоа што ниту јавниот обвинител одлучил да биде кривично гонета, ниту пак таа има статус на осомничено лице.

При брзањето Иванов всушност помилувал извесна Фатиме Фетаи од Гостивар. Таа граѓанка има исто име и презиме со обвинителката Фетаи, која не е од Гостивар. Специјалната обвинителка живее во с.Боговиње – Тетовско, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.