ХОРОР ФОТО : Штитеници во Специјалниот завод – Демир Капија умирале од белодробни заболувања поради тоа што вакцината за грип ја добивале со задоцнување!

0
863

Загрижувачки се состојбата и податоците од ЈУ Специјален завод – Демир Капија, алармира Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип.

Во овој Специјален завод кој постои над 40 години сместени се лица со најтешка ментална ретардација а кои живеат во субстандардни услови. Алармантно е тоа што во оваа установа во кои се сместени 277 штитеници нема ниту еден еден постојан лекар.

Хелсиншкиот комитет по извршената посета констатира дека со овие лица со тешка попреченост, работат 4 дефектолози, 18 медицински сестри, 70 негуватели а останатиот дел од 153 вработени се административен персонал.

06__2__resize

За време на посетата на тимот на Хелсиншкиот комитет во одделот каде што се сместени лицата со најголем дефект, односно 90 отсто од нив се неподвижни, тие наишле на ужасна глетка каде што лица неподвижните лазеле по подот во зградата во која мирисот е ужасен, вратите се искршени и каде што мачки направиле свое живеалиште.

Алармантен се и бројките за смрноста. Од 1993 година до 2016 година во Домот, според евиденцијата, починале 375 штитеници.

Во последните месеци од 2015 година во Специјалниот завод – Демир Капија штитеници починале поради белодробни заболувања, откако вакцината за грип ја добиле со задоцнување, беше кажано на денешната прес-конференција на Хелсиншки комитет.

04__2__resize

Овие забелешки Хелсиншкиот комитет ќе ги испрати и до меѓународната заедница но нивниот апел главно е до Министерството за труд и социјална политика со кое раководи Диме Спасов, да изврши увид и да одговори на проблемите во ЈУ Специјален завод – Демир Капија.

02__2__resize 01__2__resize

Извештајот можете да го преземете на следниов ЛИНК