Телата се предадени на обдукција, а полициските екипи извршија увид на местата на настаните“, информираат од полицијата.
Во текот на вчерашниот ден, три жени беа пронајдени починати на различни локации во Скопје. Полицијата соопшти дека телата на починатите се предадени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.Првиот случај бил пријавен во 21 часот, кога во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината М.А. (61). Лекар веднаш ја констатирал смртта.
Неколку часа претходно, во 13:06 часот, Итната медицинска помош пријавила дека во службени простории на здружение, исто така во општина Аеродром, на Ѓ.А. (76) од Велес ѝ се слошило и починала на лице место. Лекар потврдил дека смртта е без видливи траги на насилство.
Во третиот случај, во 21:20 часот, полицијата добила пријава за пронајдено тело на В.Ц. (37) од Скопје, која престојувала во куќа во село Средно Коњари. Според изјавите на Итната медицинска помош, и во овој случај не биле забележани видливи траги на насилство.„Телата се предадени на обдукција, а полициските екипи извршија увид на местата на настаните“, информираат од полицијата. Истражните органи ги разгледуваат сите околности поврзани со овие случаи.