Холивудската звезда од Дедпул, Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхеј од детективот Пикачу ќе инвестираат во англискиот фудбалски клуб Врексам

0
282

Звездите на акциониот херој Дедпул и детективот Пикачу Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхеј ја објавија својата визија за нивната идна бизнис зделка.

Според информациите кои излегоа во јавноста двете филмски звезди планираат да започнат процес на превземање и инвестирање на англискиот клуб Врексам при што преговорите околу клубот се во првата фаза од постапката.

Било која потенцијална понуда и инвестиција за доминантна сопственост на Врексам би била преку 2 милиони со што според медиумите се верува дека токму холивудските звезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхеј би станале сопственици. Инаку клубот е во сопственост на фанови од доверба на Врексам.

Во вторникот од страна на фановите од доверба на Врексам е изгласано предавање на клубот во рацете на новите сопственици од 95% на фановите со 1,223 ЗА и 31 ПРОТИВ.

Запрашан во врска со имињата на новите сопственици директорот на фановите од доверба на Врексам, Спенсер Харис изјавил дека фановите очекуваат превземањето на клубот од новите сопственици да се случ за неколку недели но не за неколку месеци, туку што поскоро.