Ховит: Зачувајте ја демократијата или ќе ја повлечеме препораката

0
590

Европратеникот Ричар Ховит, еден од посредниците во преговорите во Македонија, вечерва порача дека земјава или ќе ја задржи демократија или ќе биде повлечена препораката за ЕУ. Тој ова го напиша и на својот Твитер профил, а претходно во европскиот парламент кажа дека во Македонија постои сериозна политичка криза со која не е доведена во прашање посветеноста на Европа, туку посветеност на демократијата, јави А1 он.

– Како што господинот Хан повтори попладнево, позитивната препорака за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ дадена од Европската комисија зависи од целосното спроведување на меѓупартискиот договор од Пржино, за кој ние помогнавме да се постигне. Европскиот совет во декември ги поддржа неговите заклучоци и утре овој Европски парламент јасно и гласно ќе им каже: Зачувајте ја демократијата или ќе ја повлечеме позитивната препорака – порача Ховит.

Тој пред Европскиот парламент кажа дека реформите во медиумите се услов за одржување на фер избори.