Фото : Н1инфоРС
Професорот на Медицински факултет и хирург на Прва хируршка клиника при Универзитетскиот клинички центар во Србија, Владимир Дугалич за ,,Фонет” изјави дека посетата на пратеседателот Вучич во собите на интензивна нега каде се лекуваат пациентите од Северна Македонија е ,,срамна политичка пропаганда”
Дугалич изјави дека понекогаш му паѓа жал што е дел од медициннската професија и кога гледа како некој ,,ненадлежен човек без капа” е пуштен во строго забранетиот ристап интензивната каде пристапот е забранет дури и за членовите на семејствата од пациентите.
Професор Дугалич изјави дека ,,изгорениците направиле отворени рани” и дека пациентите кои се жртви на пожарот во Македонија се ,,животно загрозени”.
Дугалич по медиумите испрати порака дека јавно се оградува од “колегите кои дозволиле Вучич да влезе во строго забранетиот оддел при интензивната нега”, оценувајќи го гестот на српскиот претседател како политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на пациентите.
Според хирургот Дугалич во таа политичка пропаганда учествувал и министерот за здравство Златибор Лончар на кого не може да му се верува бидејќи е послушник на Вучич.
Запрашан како е возможно лекарите на УКЦ да дозволат влез на Вучич со голи раце да ги допира пациентите кои имаат изгореници опасни по живот, Дугалич изјави дека со тој гест се згрозиле тој и неговите колеги со што на таков начин директно се загрозени самите пациенти.
Извор : Н1инфоРС