ХЕРОЈОТ КОМЕНТАТОР ОД МТВ: СОНУВАМ АЛБАНЦИТЕ ВО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДА СЕ ПОМАКЕДОНЧАТ И ДА ПЕАТ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ ПЕСНИ!

0
962

Погледнете колку плитко разбирање за етносите за соживотот и за човечките права има еден спортски коментатор. Херојот коментатор од МТВ кој се трескаше од земја со жестоки националистички говори после победите на македонската фудбалска репрезентација, синоќа на Алфа ТВ изјави кој бил неговиот најголем сон:

– Сонувам да нема различни етноси меѓу фудбалерите туку сите да станат едно и да пејат македонски патриотски песни, па уште и химната сите да ја пеат на глас на македонски јазик мислам ќе полудам!

Ете колку ги почитува овој Албанците фудбалери кои играат за македонската фудбалска репрезентација, сонувал да ги помакедончи, од нив да направи човеци, гоцева раса а не тоа што сега се, обични гнасни шиптари, диво племе што би рекол Миленко, уште еден спортски коментатор…

Треба во земјава да почнеме да викаме ГЛУП СИ КАКО СПОРТСКИ КОМЕНТАТОР, прости легендо Атанас Костовски, ти си исклучок од сето ова…

Замислете ја реакцијата на ова вмровско копито ако некој од албанските фудбалери реши да запее некоја албанска песна на албански при прослава на даден гол или пак со рацете да ЛЕТА ОРЛЕ односно да го симболизира албанското етничко знаме кое е симбол на сите Албанци на Балканот, колку ли само овој би БЛУЕЛ СО ОГАН кон истите тие фудбалери кои сега ги фали што давале голови па уште пееле и македонски народни песни на македонски…