ХЕРОИНА – ВАКА СЕ САКА ЗЕМЈАТА И НАРОДОТ: „Мора да излеземе во пресрет на граѓаните“ – пратеничката во скафандер и позитивна на Ковид-19 пристигна во Собранието

0
298

Со возило на Итна медициска помош кое сама го платила пристигна во Собранието во придружба на уште две лица исто така облечени во скафандери за заштита од коронавирусот.

Во кратка изјава за медиумите, пратеничката рече дека морало да пристигна во Собранието иако е позитивна, за да излезе во пресрет на граѓаните.

Засега останува нејасно, според кои протоколи се спроведува ова бидејќи лицето е позитивно на коронавирус и со решение за изолација.

Побаравме одговор од Собранието, но до овој момент не добивме.