ХЕЛИКОПТЕР НА ОН ПРИСИЛНО СЛЕТАЛ ВО СОМАЛИЈА, ИСЛАМИСТИ ГИ КИДНАПИРАЛЕ ПАТНИЦИТЕ И ЕКИПАЖОТ

0
331

Хеликоптерот слетал во област контролирана од групата во централна Сомалија. Според некои извештаи, екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка.

Западен функционер, кој сакал да остане анонимен, за „Вашингтон пост“ изјавил дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако леталото било принудено да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија.

Официјален претставник на мировните сили, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во хеликоптерот немало припадници на нивните сили.Ал Шабаб контролира голем дел од територијата во јужна и централна Сомалија. Групата е поврзана со Ал Каеда и води брутален бунт од 2006 година