Хеликоптер на МВР сe преврте при полетување, едно лице е полесно повредено

0
241

Хеликоптер на МВР се урнал при полетување денеска околу 11 часот и 30 минути на скопскиот аеродром кај Петровец. Во несреќата, за која се уште не се знаат причините, има само едно полесно повредено лице.

МВР со соопштение го потврди настанот.

Денес околу 11.30 ч. пријавено е дека на старата платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР М-17 од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди, соопштија од МВР.