Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

ХЕЛИКОПКТЕР НА МВР ГО ГАСНЕ ПОЖАРОТ НАД ПАТОТ КОН ГП „БЛАЦЕ“, СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НАИЗМЕНИЧНО

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.

– Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце. Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.

По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи, се наведува во објавата на веб страницата на ЦУК.

ЦУК претходно соопшти дека пожарот што избувна над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна, е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ