- Јас не сум добил извештај за предметот ,Поштенска банка” бидејќи во тој временски период кога обвинителот калкулираше со времето, бидејќи од првиот месец од законскиот рок да се достави извештајот неможеа да се договорат обвинителите којшто првично беа на контрола, а тоа беа обвинителите Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами.
Лично Елвин Вели по извршениот надзор дојде кај мене и ми рече дека нема да се приклучи кон нарачан текст на извештајот, но потоа негодуваше дека ќе се потпише на нарачан текст на извештајот.
Потоа по недела дена од муабетот меѓу мене и Вели дека нема да се согласи со таквите наводи во извештајот, од страна на републички обвинител го испратија на семинар во Велес на неколку дена па се врати со спротивно мислење и се согласи да го потпише нарачаниот текст за ивештајот од случајот ,,Поштенска банка”.
Разрешениот обвинител, Мустафа Хајрулахи во подкастот на ,,Плусинфо”.