ХАХАА, ЗАЕВ СТАНУВА КРАЛ НА ТВ ИНТЕРВЈУАТА: Поздравувам што Мицковски го поправил прозорецот во болница, се надевам не е како што чистеше снег, не беше дочистено ни пред него а не па кај комшијата

0
400

Поздравувам што Мицкоски го поправил прозорецот во болничката соба, убавината е во тоа што прв пат имаме помош од него, досега беа само критики, но се надевам не е како со снегот, не дочистил ни пред себе, а камо ли пред соседот, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека една година од почетокот на пандемијата ова е прв чекор Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ да дадат свој придонес, иако многу пати упатувавме повици да учествуваат во справување со пандемијата, заедно да правиме комисија, да учествуваат во здрвството, да даваат предлози можеби има паметни луѓе што ќе дадат паметни предлози.

Заев потсети дека изминатите години се инвестирани илјадници евра, стотици милиони денари во реконструкција на клиниките, на болниците, на здравствените домови во државата и ако се прави споредба резултатите е видливи.