Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на федералното финансирање на Харвард од девет милијарди американски долари, а потоа му даде на универзитетот широк список на барања, вклучително и забрана за носење маски и прекинување на сите програми за различност, еднаквост и инклузивност.

Универзитетот Харвард поднесе тужба против администрацијата на Трамп тврдејќи дека замрзнување на федералните грантови во вредност од милијарди долари е незаконско, пишуба Би-би-си. 

„Овој случај вклучува напори на владата да го искористи лишувањето на федералното финансирање како лост за да ја преземе контролата врз академското донесување одлуки на Харвард“, се наведува во тужбата.

Харвард тврди дека постапките на администрацијата на Трамп биле произволни и нелегални и дека тие ги прекршиле правата на Универзитетот на слобода на говор од Првиот амандман.

„Во текот на минатата недела, федералната влада презеде неколку активности откако Харвард одби да ги исполни нелегалните барања. Поднесовме тужба за да го спречиме замрзнувањето на финансирањето затоа што е нелегално и над надлежноста на владата“, изјави претседателот на Харвард, Алан Гарбер.

Како одговор на тужбата, Белата куќа соопшти дека „возот на федералната помош“ запира.

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на федералното финансирање на Харвард од девет милијарди американски долари, а потоа му даде на универзитетот широк список на барања, вклучително и забрана за носење маски и прекинување на сите програми за различност, еднаквост и инклузивност.

Потоа администрацијата на Трамп замрзна 2,3 милијарди американски долари за финансирање на Харвард и се закани дека ќе го забрани уписот на странски студенти.

Во тужбата на Универзитетот се наведува дека запирањето на федералното финансирање ги прекршува уставните права на Харвард и се користи како „потпора за да се добие контрола врз академското одлучување на Харвард“.

Поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешен стипендист на Харвард, рече дека го поддржува универзитетот, нарекувајќи го замрзнувањето на средствата незаконско.

Извор : Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ