Загрижувачка димензија на судир во МВР поради неприфаќањето на наредбите и решенијата од министерот, од страна на заменичкиот министер Митко Чавков, и терање своја политика наспроти актуелниот именуван министер Оливер Спасовски.
Како што посочуваат извори од МВР за локално.мк, таму владее вистински хаос со кршење и менување брави, насилно влегување во канцеларии на ново назначените од зам.министер Чавков, тргање на оние со решенија назначени од министерот Спасовски, и тоа не само во централата. Се посочува Штип и други места како критични точки, а дека во седиштето на МВР Чавков блокирал и некои картици за влез во кругот на централата на МВР, на назначени луѓе од министерот Спасовски.
Упатените во состојбите во МВР посочуваат дека ова е еден од најсериозните проблеми на непризнавање на хиерархијата во МВР од страна на сменетиот и сега заменички министер Чавков, наспроти актуелниот министер Спасовски, што е и сериозна закана во функцоналноста на МВР и извршување на безбедносни задачи чија главна надлежност е на МВР.
Извор: Локално.мк